Претрес во Куманово, пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехника (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера откако во магацин му биле пронајдени 5.500 парчиња пиротехника.

Loading...

– На 16.12.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства, информираат од Секторот за внатрешни работи.

 

 

Како што додаваат од полицијата, С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Гелевски нов директор на Агенцијата за планирање на просторот

Никола Ивановски