Голема полициска операција е во тек во јужниот дел на Келн, Германија, по пукањето во кафуле.
Инцидентот се случил во кафуле на улицата Бонер, каде што полицијата по пукањето пронашла неколку дупки од куршуми и потрошени чаури.
Полициските сили го блокирале подрачјето, а во тек е потрага по лицето кое пукало.
Засега не е познато што довело до пукањето, ниту дали напаѓачот дејствувал сам.
Полицијата сè уште не објавила дали има повредени или жртви во инцидентот, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.

