Четворица ранети во нападот врз Славјанск, десетици станбени згради оштетени

Сподели со своите пријатели

Во утринскиот руски воздушен напад врз Славјанск, четири лица се ранети, објави на Фејсбук началникот на Воената администрација на градот Славјанск, Вадим Љах.

Според него, во 4:20 часот наутро, руската воена авијација фрлила тешка бомба ФАБ-500 врз Славјанск, која погодила солитер во централниот дел од градот, пренесува Укринформ.

„Пристапот од првиот до петтиот кат од станбената зграда и приватни куќи се уништени“, рече Љах, пренесува Танјуг.

Тој потврди дека покрај тоа, оштетени се најмалку 32 солитери, хотел, детска градинка и автомобили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НАТО активираше аларм во Русија, се огласи Лавров: „Тоа е директна закана“