Пезешкијан: Не бараме војна, но решително ќе одговориме на агресорите

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека Иран „не бара војна, но никогаш нема да седи со скрстени раце пред каква било агресија“, објавија иранските медиуми.

Во своето обраќање утрово, пред да го напушти Техеран и да оди во Киргистан на 26-от самит на Шангајската организација за соработка, Пезекијан изрази надеж дека, преку конструктивен дијалог, на овој самит ќе се докаже способноста на лидерите за управување, пренесува ТАСНИМ.

„Овој самит е многу важен и повеќето лидери од регионот ќе бидат присутни. Во ситуација кога некои меѓународни институции се обидуваат да создадат уникатен простор во светот, овој самит се смета за симбол на постоењето на различни и независни гласови на глобалната сцена“, рече Пезешкијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов американски напад врз Иран, Техеран веднаш се одмазди: „Ова е фатална грешка“

Истакнувајќи ја древната и цивилизирана историја на земјите од регионот, иранскиот претседател рече дека мирот, безбедноста, економијата и цивилизацијата се вредностите кон кои се стреми Иран во денешниот свет.

„Ние не бараме војна и тоа е јасна порака што досега му ја објавивме на светот, но никогаш нема да седиме со скрстени раце пред каква било агресија и ќе дадеме решителен одговор на агресорите. Нестабилноста и немирите во регионот не се во интерес на ниту една земја и ќе бидат предизвик за сите. Затоа, мора да ги здружиме силите и да работиме на обезбедување на безбедноста, економијата и развојот на регионот“, рече Пезешкијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Техеран ги негира тврдењата на Трамп за напад врз островот Харг