Прекинато е пребарувањето за шест лица по уривањето на мост во САД. Се претпоставува дека се мртви!

Сподели со своите пријатели

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти.

Loading...

„Не веруваме дека ќе ги најдеме овие поединци живи“, рече службеничката на крајбрежната стража Шенон Гилрет во вторникот вечерта, пренесува Voice of America.

Несреќата се случи кога мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор се урна откако товарен брод удрил во еден од неговите столбови.

Шефот на противпожарната служба во Балтимор, Џејмс Валас, во вторникот изјави дека две лица се спасени од реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моќна хиперсонична ракета за прв пат успешно беше тестирана во САД (ВИДЕО)

Во вторникот беше објавено и дека контејнерскиот брод „Дали“ кој удри во мостот исто така бил вклучен во инцидент во пристаништето Антверпен, Белгија во 2016 година.