Лондон призна офанзивни кибер операции против четири земји

Сподели со своите пријатели

Велика Британија спроведува офанзивни кибер операции против Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, изјави командантот на Командата за кибер и специјални операции на британската армија, генерал Роб Магован.

Во интервју за „Скај њуз“, Магован рече дека кибер заканите за Велика Британија се значајни и предупреди дека британските кибер сили ќе одговорат на нападите со контрамерки.

Тој потврди дека Националните кибер сили спроведуваат офанзивни операции, но не образложи за нивниот обем и резултати, кои се строго доверливи.

Според него, Русија, Кина, Иран и Северна Кореја претставуваат закана за британскиот начин на живот и спроведуваат операции во киберпросторот, поради што мора да сметаат на последиците од нивните активности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Техеран ѝ се закани на Европа: Целите ќе бидат земји кои обезбедуваат бази за напади врз Иран

Националните кибер сили се основани во 2020 година и се заедничка единица на Центарот за владини комуникации (GCHQ) на Велика Британија, Министерството за одбрана, разузнавачката служба MI6 и Лабораторијата за одбранбена наука и технологија.

Нивната работа вклучува операции против организиран криминал и криминалци кои предизвикуваат штета на интернет.

Магован оцени дека Велика Британија не е во војна со земји како Русија, Иран и Кина, но не е ниту во мир, туку е во „сивата зона“, под прагот на отворен конфликт.

Тој изјави дека Националниот центар за сајбер безбедност на Велика Британија минатата година следел 1.831 пријавени сајбер напади, од кои 80 биле од национално значење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија и ЕУ подготвени да се договорат за нов почеток, но поделбите остануваат

Зборувајќи за целите на операциите, Магован рече дека британските сили ја користат можноста за пристап и анализа на компјутерските мрежи на противниците за да постигнат одредени ефекти, со проценка дека нивните активности понекогаш служат за одвраќање, а понекогаш и за наметнување трошоци на противниците.