Жителите на кумановските села Романовце и Табановце повторно реагираа дека е укината железничката линија Скопје-Табановце.
Од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје денеска информираа дека причината поради укинувањето на линијата е недостаток на машиновозачи.
– Се надеваме дека проблемот ќе се надмине со прием на машиновозачи, изјавија од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.
Граѓаните кои го користат железничкиот превоз велат дека е многу поевтино да се користи воз во однос на зголемените цени на автобуски превоз до Скопје.
На оваа линија има неколку застанувања, а најчесто ги користат жителите на селата Романовце и Табановце поради работата во Скопје.
И летово, лани имаше сличен проблем на оваа линија, исто така поради недостиг на машиновозачи.