Рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на неименуван извор, тврди дека денеска во Анкара се водат преговори меѓу руската и американската делегација.
Loading...
Весникот додава дека неговиот извор одбил да даде детали од разговорот, но наведува дека во руската делегација е и директорот на Надворешната разузнавачка служба Сергеј Наришкин.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не може ниту да ги потврди ниту да ги демантира информациите за разговорите во Анкара, пишува Комерсант.
Руската и американската делегација последен пат се сретнаа во Женева на 10 јануари за да разговараат за безбедносните гаранции.