Околу 40 милиони денари Државната изборна комисија планира да потроши за печатење на избирачки ливчиња и обрасци, 25 милиони за избирачките одбори во дијаспората, по 9 милиони за чување доверлив материјал, а исто толку и за транспортот.
Со останатите трошоци тоа државниот Буџет ќе го чини 7,5 милиони евра.
Ваквите одлуки Државната изборна комисија ги носи без присуство на двајцата членови на СДСМ, без кои сепак се остварува мнозинство. Присутен е само Чичаковски, во техничко својство да ги набљудува останатите учесници и нивните одлуки.