Атос Саломе, кој британските медиуми го нарекуваат „модерен Нострадамус“, излезе во јавноста со нова серија застрашувачки пророштва, пренесува Дејли Стар.
Овој 36-годишник, кој тврди дека ја предвидел смртта на кралицата Елизабета, пандемијата на коронавирусот и руската инвазија на Украина, предупредува дека наредните години нема да ни донесат многу добро.
– Нема спас за оние кои треба да го спознаат божествениот гнев – вели на почетокот и веднаш продолжува:
– Луѓето ќе бидат измачувани психички и физички. Ќе дојдеме до нивото на зомби. Ќе паднат многу глави, ќе не контролираат како орда живи мртви. Човечкиот ум ќе ја изгуби рамнотежата – изјави Бразилецот, без да прецизира кој ќе биде мачен, а кој ќе биде зомби.
Да се биде толку двосмислен е најдобро за бизнисот.
– Темните облаци ќе висат на небото и ќе предизвикуваат ужас. Ветровите ќе станат урагани и ќе го покријат небото и ѕвездите. Денот ќе стане ноќ – вели Атос, кој најавува и серија поплави заедно со вечната ноќ.
Повеќето следбеници на социјалните мрежи признаваат дека навистина не веруваат во тврдењата на овој „пророк“, но мал дел веруваат дека неговите пророштва веќе се оствариле…