Loading...
Општинската организација на Црвен крст на Република Македонијана од Куманово вчера одржа eдукативно предавање за превенција од корона вирусот за припадниците на Армијата.
Предавањето беше спроведено во касарната „Боро Менков” – Куманово, а предавач беше Д-р Јадранка Стаменковска – епидемиолог од Центарот за Јавно здравје Куманово, која преку презентација објасни што претставуба коронавирус, како се пренесува, кои се симптомите, како и мерки кои треба да се превземат да се превенира болеста.
На предавањето, како што информираат од Црвениот крст присуствувале 44 припадници од Армијата на Република Македонија.

Никола Ивановски