Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, рече дека бил импресиониран од Кремљ.
– Кога дојдов во Кремљ бев импресиониран и воодушевен, но воодушевен во смисла дека бев таму во име на американските власти во обид да се постигне мировен договор, а тоа е навистина огромно – рече Виткоф.
Тој изрази верување дека рускиот претседател Владимир Путин, за прв пат по децении, гледа можност за рекалибрирање на односите на Руската Федерација со САД.
– Се сретнав со Путин четири пати и ниту една од тие средби не траеше помалку од три часа – нагласи американскиот пратеник.
На 25 април, Путин и Виткоф ја одржаа својата четврта средба од почетокот на годината. Кремљ објави дека разговорот траел три часа и дека бил „конструктивен и многу корисен“.