Сува трева и деградирана шума почнала да гори вчера доцна попладне над манастирот во селото Матејче во Липково.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во 19:30 часот на терен излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило и еден вработен во Македонски шуми.
Поради лоша конфигурацуја на теренот теренот е непристапен за гасење.
– Дополнително го отежнува истото и намалената видливост поради вечерните часови. Пожарникарите се вратија во својата единица во 21: 40 часот. Една екипа на Македонски шуми остана да дежура во текот на ноќта. Истата се повлекла од местото на настанот околу полноќ, додаваат од РЦУК.
Утринава пожарот не бил активен, јавува РЦУК, од каде додаваат дека еден вработен од Шумско стопанство дежура на местото на настанот од раните утрински часови .
Сепак, не се исклучува можноста за повторно активирање на пожарот со покачување на дневните температури.
Никола Ивановски