Пожар го зафати симболот на Копенхаген: „Ова е катастрофа, изгоре нашиот Нотр Дам“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Историската зграда на берзата изградена во 17 век во Копенхаген била зафатена од пожар за време на реконструкцијата. Од пожарот целосно изгорела кулата висока 56 метри.

Loading...

Зградата на берзата, која е симбол на Копенхаген, беше зафатена од пламен. Берзата била изградена во 17 век, а како последица на пожарот се урнала кулата висока 56 метри.

„Бевме сведоци на страшен пожар. Берзата гори“, објави данската стопанска комора, која се наоѓа во зграда до палатата Кристијансборг, седиштето на данскиот парламент, пишува Гардијан.

Луѓето кои се наоѓале во зградата биле навреме евакуирани и според првите извештаи нема повредени.

Пристапот до подрачјето зафатено од пожарот е блокиран.

Во тек е спасувањето на бројни вредни уметнички дела, кои се наоѓаат во зградата изградена во 1625 година во ренесансен стил.

Таа е една од најубавите градби во Данска и симбол на Копенхаген.

Овој пожар се случи само еден ден по петгодишнината од пожарот во француската црква Нотр Дам во Париз.

Loading...

„Ова е нашиот Нотр Дам, катастрофа“, изјави архитектот Хенрик Грејџ за данската телевизија.

Драматичните снимки што се појавија на социјалните мрежи покажуваат огромни облаци од црн чад што извираа од зградата.

Противпожарната служба во Копенхаген соопшти дека пожарот првпат бил пријавен во 7:30 часот.

Данскиот министер за култура, Јакоб Енгел-Шмит, на X рече дека 400 години данско културно наследство се во пламен. „Беше трогателно да се види како персоналот на берзата, итните служби и минувачите од Копенхаген соработуваа за да го спасат уметничкото богатство“, рече тој.

Пожарот се уште тлее, иако не се шири, а причината се уште не е позната.