Повикот за членство на Македонија во НАТО ставен на дневниот ред на самитот

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев рече дека Северноатлантскиот совет денеска едногласно одлучил точката за повик на Македонија во НАТО да се стави на дневен ред на јулскиот Самит.

Заев ова го истакна на собраниската седница на која пратениците гласаа за ратифиакција на договорот со Грција.

– Потпишавме договор со кој се означува почеток на крајот на неизвесноста и на трауматичен период со кој постигнавме достоинствено решение на двете страни . Имаме договор со јасни обележја на македонскиот јазик и идентитет. Го заштитуваме идентитетот за век и векови“, кажа Заев.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за „Франс 24“ изјави дека се надева оти ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел откако Македонија и Грција постигнаа договор за спроот за името.

„Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи постигнаа договор со Грција за проблемот за името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет, новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на ПЈРМ во НАТО“, рече Столтенберг.

Leave a Reply