Повеќе улици во Куманово утре без струја

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден повеќе улици низ Куманово ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:00 до 15:00 часот планирани прекини во дистрибутивниот систем без електрична енергија ќе ги остават жителите на дел од улиците:  „Тоде Думба“, „Народна Ревулуција“, „Бајрам Шабани“, „Титова Митровичка“, „Лесковачка“, „Никшичка“,„Билјановска“ и „Стојан Арсов“.

Поради дефект, прекини вчера имало во селата Којнаре, Табановце и Четирце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Leave a Reply