Поставена божиќната пештера на градскиот плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението „Бадникови поворки“, вчера на градскиот плоштад ја постави ја постави пештерата.

Loading...

На овој начин сметаат претставниците од здружението граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат и божиќната атмосфера. Децата со изработените ѕвездички ја пречекаа пештерата.

– Куманово е многу убаво украсено, се гледа новогодишниот сјај, сакавме да му дадеме и божиќен дух, заради што ја донесовме пештерата. Централното празнување е на 6 јануари бадник, поворката ќе тргне од „Соколански парк“, пеејќи ја песната Вечниот бог, најавувајќи го на достоинствен начин христовото раѓање, изјави, Ружица Денковска од здружението.

 

 

Поворката ќе заврши на плоштадот, ќе има богата уметничка програма, подготвени се подароците за најмалите. Пред централното празнување се одржуваат работилници, децата од основно и средно образование творат творби, најуспешните ќе добијат соодветни награди. Здружението организира работилници и покрај изработката на ѕвездички децата ја учат песничката Вечниот Бог, учат за значењето на Бадник и Божиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

– Пораката на бадниковата поворка е пренеси ај божиќната радост до секое срце. Ја донесовме преубавата пештера, сакаме да ја пренесеме пораката и во Куманово, рече Летка Филипова, регионален координатор на „Бадникова поворка“ од Охрид.

Loading...

Подготовките за главниот настан се засилуваат последнава недела.

МИА