Еден од најпознатите светски сајтови за возразни објави дека е заинтересиран да го кпи популарниот сајт Тамблр кој од неодамна е на продажба.
Популарниот сајт за блогирање Тамблр би можел да премине во раце на сопственикот на една од најпознатите страници со поргнографска содржина, бидејќи поради обид да ја стабилизираат компанијата, сегашниот сопственик, компанијата „Верзон Комуникејшн“ одлучи да го огласи на продажба.
Компанијата која покрај Тамблр ги поседува и Јаху, Хафингтон пост и Тех кранч, одбила да ја коментира потенцијалната продажба, но според информации до кои дошол порталот Баз фид , сајтот за возрасни е многу заинтересиран за купување, што го птврдила и самата компанија кој стои зад него.
– Можам да го потврдам нашиот интерес за купување, рекол нивниот портпарол.
Тамблр со години беше популарно место за објавување блогови и прикачување фотографии на љубителите на еротиката и еротската фотографија, но со уредба во декември минатата година, поради случаи на детска порнографија, заострена е политиката за објавување содржини на самиот сајт. Уредбата налути многу корисници, претежно уметници и членови на ЛГБТ заедницата кои започнале масовно да го напуштаат.
Приказните за купување од страна на познат сајт за пронографија ги израдува фанотвите кои се надеваат дек ан тој начин Тамблр ќе се врати на својот изворен облик, поточно дека ќе ја почитува слободата на изразување, како и дека ќе се извлече од шаблонот на мејстрим медимите кон кои компанијата во последните месеци тежнееше.