Поранешната лидерка на Мјанмар доби уште три години затвор

Сподели со своите пријатели

Судот во Мјанмар ја осуди соборената лидерка на таа земја Аунг Сан Су Чи на три години затвор, прогласувајќи ја за виновна за вмешаност во изборна измама.

Loading...

Таа претходно беше осудена на вкупно 17 години за други кривични дела.

Партијата на Су Чи победи со убедлива победа на општите избори во 2020 година.

Војската ја презеде власта од избраната влада на Су Чи со државен удар на 1 февруари 2021 година, тврдејќи дека изборите биле нерегуларни, иако независните набљудувачи не откриле големи нерегуларности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сеул: Наскоро нуклеарна проба на Северна Кореја

За истото дело денеска на три години затвор беа осудени уште двајца членови на поранешната влада на Су Чи.