Поранешен советник на Обама затворен поради навреди против муслиманите

Сподели со своите пријатели

Поранешниот советник за безбедност на Обама, Стјуарт Селдовиц, е приведен од полицијата поради антимуслимански навреди упатени кон продавач на халал храна во Њујорк, пренесува BBC.

Loading...

Портпаролот на њујоршката полиција потврди за Би-Би-Си дека Селдовиц е приведен во средата, но рече дека нема детали за ниту едно обвинение.

Селдович во интервју за медиумите призна дека тој е човекот од виралното видео во кое продавачот го нарече „терорист“, а својата постапка ја оправда со тоа што, како што рече, таа личност го испровоцирала изразувајќи поддршка за Хамас.

Тој, исто така, наводно рекол: „Дури и да убивме 4.000 палестински деца, тоа не е доволно“.

Во интервју за Сити и Стејт, Селдовиц рече дека му е жал за инцидентот.