Поранешен офицер на ФСБ: Русија наскоро ќе биде поразена

Сподели со своите пријатели

Рускиот воен блогер и поранешен агент на ФСБ, Игор Гиркин, познат и како Игор Стрелков, во објава на Телеграм го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за немањето цели и стратегија во војната против Украина.

Loading...

Поради зголемените загуби на фронтот, Путин е изложен на критики од руските националисти, кои ја поддржуваат идејата за окупација на украинска територија, но ја доведуваат во прашање ефикасноста на военото раководство на Москва.

Гиркин, кој одигра голема улога во анексијата на Крим во 2014 година, е водечки глас меѓу тие руски националисти.

Во последните неколку месеци тој упати низа остри критики.

„Целите на војната не се дефинирани“, напиша Гиркин.

Тој додаде дека не може да има „стратегија“ за војна ако Путин не е јасен за своите цели, пренесува Newsweek.

„Непријателот има стратегија од самиот почеток“

Тој смета дека недостатокот на цели и стратегија е причината поради која Украина успеа да ги оствари последните победи.

„Ако нема стратегија, нема свесна работа на нејзино спроведување. А непријателот има стратегија од почеток и ја спроведува со сите сили“, продолжи тој.

Loading...

Во посебна објава, Гиркин напиша дека верува оти Русија наскоро „ќе биде поразена“ бидејќи нејзината армија „не успеа воопшто да го победи непријателот за време на зимско-пролетната кампања“.

Овој чекор доаѓа во време кога Украина подготвува контраофанзива со цел да врати што поголем дел од окупираната територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.