Поради невреме во Албанија прекината настава во 56 училишта

Сподели со своите пријатели

Албанската министерка за образование и спорт Евис Куши денеска изјави дека поради временските услови во Албанија наставата привремено ќе биде прекината во 56 училишта.

Loading...

Како што јави агенцијата МИА, Куши рече дека одлуката е донесена за заштита на учениците и наставниците додека не се подобри состојбата.

Во последните 24 часа обилни дождови наврнаа на територијата на цела Албанија, во моментов најпогодени се северните градови Лежа и Скадар, а голем број населени места во земјата останаа без електрична енергија, пренесе Еуроњуз Албанија.

Според Албанската радио-телевизија, поради снежните врнежи утринава блокирани се дел од главните патишта во централна Албанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија: Радев денеска му додели мандат на кандидатот за премиер Жељазков