Поради директниот пренос на МРТ, натпреварот Куманово – МЗТ ќе се игра од 20 часот

Сподели со своите пријатели

Вечерва во Спортската сала во Куманово, кошаркарите на КК Куманово и МЗТ ќе ги одмерат своите сили. Натпреватор кој требаше да започне од 19 часот, поради директниот пренос кој ќе го реализира МРТ ќе започне од 20 часот.

Loading...

На овој натпревар нема фаворити, квалитетите на двата тима се скоро изедначени,Куманово ќе биде поблиску до посакуваниот триумф ако успеа да ја затвори одличната надворешна линија на шампионот, Љубичиќ, Дреновац, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски. Сигурно најголем проблем за одбраната на металците ќе бидат Урош Луковиќ, Мандиќ и капитенот на кумановци Александар Костоски.

Верните Кумани вечерва со сите сили ќе ги бранат своите омилени играчи од КК Куманово во исчекување на победа врз шампионот.