Популарен антивирус ги шпионирал корисниците и ги продавал нивните информации

Сподели со своите пријатели

Според страницата The Verge, популарниот антивирусен софтвер следи сè што прават нејзините корисници!

Loading...

Кога инсталирате антивирус, го правите тоа за да го заштитите вашиот компјутер од напад и да ја заштитите вашата приватност, но Avast и AVG не мислеле исто.

Гугл тајно собира здравствени податоци за корисниците

Според извештаите спроведени од Motherboard и PCMag, Avast, кој е сопственик на антивирусен софтвер AVG, следи сè што правеле нејзините корисници и редовно водел евиденција за истиот.

Овие извештаи снимиле податоци за тоа што корисниците кликнувале и посетувале, од страниците на LinkedIn, преку страницата PornHub до Амазон и други.

Сите овие информации Avast ги продавал преку својата подружница „Jumpshot“ на трети страни.

ГУГЛ потврди дека вработените имаат пристап до приватните разговори на корисниците

Во оваа ситуација Avast изјави дека продадените податоци за клиентите не можат да ги филтрираат по секој поединечен корисник, иако експертите се скептични за оваа изјава на компанијата.

Loading...

Според извештаите на странските медиуми, останува да се види дали Avast т.е. AVG некако добил одобрување од корисниците за ваков голем прекршок или компанијата тоа го сторила самостојно.

Оваа состојба е потсетник дека на интернет се чини дека не смееме да веруваме на никој, дури ни на компаниите, кои ги плаќаме за да нè заштитат и зачувуваат.


Leave a Reply