ГУГЛ потврди дека вработените имаат пристап до приватните разговори на корисниците

Сподели со своите пријатели

Гугл се приклучи на листата компании кои користат гласовни записи од своите корисници за да ги подобрат своите производи и наводно собираат приватни интеракции во тој процес.

Loading...

Од снимањето разговори до следење по сајтовите: Дали и колку Гугл не шпионира?

ГУгл призна дека на работниците им дава пристап до аудио записите од своите Гугл хом и Андроид паметни звучници.

Технолошкиот гигант исечоци проследува до јазичните експерти кои ги преслушуваат снимките и го проучуваат говорот на клиентит за да го поправат својот Гугл помошник.

Иако компанијата разгледува само мал број аудио исечоци од корисниците, во процесот се собрани бројни приватни податоци.

Исечоците содржеле разговори на родители и деца, расправии и бизнис повици кои содржеле приватни информации.

Во сериозните лсучаи вклучени се и повици на жени кои биле во „очигледен проблем“ и мажи кои ги користеле своите паметни уреди за барање порнографија.

Гугл моментално врши ревизија за неодамнешните случаи кога протекоа информации и тврди дека ќе се потруди во иднина да не биде објавена ниту една снимка.

Loading...

Image by Simon Steinberger from Pixabay

Leave a Reply