Полска подигна ограда на границата со Русија

Сподели со своите пријатели

Полска привремено ќе подигне бодликава жица висока два и пол метри на границата со Русија, што, како што изјави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак, е реакција на отворањето на Калининградската област за летови од Блискиот Исток и Северна Африка.

„Во врска со ова, денеска веќе почнува да се работи за подигање на привремена ограда од три реда жилет жица што ја користат армиите ширум светот. Тоа ќе биде истата ограда што е на границата со Белорусија, висока 2,5 метри и широка три метри. На полска страна ќе се подигне ограда за да се заштити животното од повреди“, изјави Блашчак на прес-конференција во Варшава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија укинува повеќе од 50.000 туристички станови

Блашчак потсети дека ваквата ограда на границата со Белорусија ја запрела источната рута по која мигрантите се обидувале преку Полска да стигнат до западните земји на Европската унија.

„Нема сомнеж дека оваа привремена ограда ја заштити нашата граница, но и спречи или забави хибриден напад од Белорусија“, рече Блашчак.

Одлуката на полската влада да подигне ограда на границата со Русија е донесена поради веста дека аеродромот во Калининград од 1 ноември ќе биде отворен за летови од пријателските земји на Москва, што некои воени аналитичари го оценија како обид за внесување мигранти од Блискиот Исток и да предизвикаат бегалска криза на руско-полската граница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД изврши напад врз брод на венецуелски нарко картел, уби тројца

„Мораме да направиме се за да пропадне оваа хибридна војна преку злоупотреба на илегални мигранти“, изјави во вторникот генералниот секретар на владејачката партија Право и Правда, Кшиштоф Соболевски.