Политико: Фридрих Мерц e предизвик за Урсула фон дер Лајен и нејзината позиција во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, за кој се предвидува победа на претстојните избори, јасно најави дека ќе биде многу поактивен во европските прашања од неговиот претходник Олаф Шолц, што бриселски Политико го оцени како најголем предизвик за Урсула фон дер Лајен како претседател на Европската комисија.

Loading...

Подемот на Мерц доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира дека Европа мора да преземе поголема одговорност за воената и економската помош за Украина, пишува бриселскиот портал.

Иако поголема улога на Германија во ЕУ може да биде од корист на Фон дер Лајен, конфликтите меѓу Мерц и неа се сè поочигледни, пишува Politico.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ѝ даде на ЕУ три недели да се договорат за условите за капитулација на Украина

Додека Фон дер Лајен се залага за зелени реформи, родова еднаквост и отворени внатрешни граници на ЕУ, Мерц поддржува дерегулација, ограничување на миграцијата и зајакнување на националните држави во однос на Брисел.

Нивните односи дополнително се оптоварени со долгогодишниот конфликт во ЦДУ, каде што Фон дер Лајен беше близок соработник и доверлив човек на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, додека Мерц беше нејзин противник со години.

Нивниот однос се очекува да ги обликува идните политички трендови во ЕУ, особено за прашањата на фискалната политика, односите со Кина и миграцијата, според Политико.