Политичарите сакаа да ѝ честитаат победа на Лиз Трас, па се посрамотија

Сподели со своите пријатели

Новиот премиер на британската влада е Лиз Трас (Truss), а Лиз Трусел (Trussell), која е корисник на Твитер, го зафатила корисничкото име Лиз Трас.

Loading...

Она што збуни многумина е кој е вистинскиот профил на британскиот премиер.

По тој повод, Трусел добила бројни пораки и честитки за именувањето на премиерот. Очигледно многумина згрешиле, бидејќи тоа не бил профил на премиерката.

Лиз Трусел, чиј профил на Твитер е @Liztruss, уживала во конфузијата и одговараше на пораките и честитките со духовити совети и шеги, објави француската новинска агенција France Presse.

Ќофтиња

Една од оние кои згрешиле е и премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, која испратила честитка до погрешната Лиз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џихадистите запалија елка во Сирија: Гневните христијани излегоа на улица со пушки и крстови

– Честитки за Лиз Трас – напиша Андерсон и додаде дека Шведска и Велика Британија ќе продолжат тесно да соработуваат.

Трасел со шеговит тон одговори дека со нетрпение ја очекува претстојната посета и дека шведската премиерка може да подготви ќофтиња за таа пригода.

Петнаесеттиот премиер

Новиот британски премиер има 360.000 следбеници на Твитер под корисничкото име @trussliz, додека Трусел има 3.400 следбеници.

Loading...

Лиз Трас во понеделникот беше избрана за шеф на владејачката Конзервативна партија, а британската кралица Елизабета Втора вчера ја назначи за нов британски премиер.

Трас ќе биде 15-та жена премиер во 70-годишното владеење на британската кралица.