Полицајците од Сент Луис го застрелале 16-годишниот Дерил Рос, кој наводно посегнал по пиштол, соопшти денеска полицијата.
Рос, кој е Афроамериканец, е убиен синоќа нешто по 23:30 часот на бензинска пумпа во северниот дел на градот, пренесе АП.
Во полицискиот извештај за инцидентот се наведува дека еден од полицајците вклучени во пукањето бил Афроамериканец, а еден бел.
Новата градска единица за истраги, формирана минатиот месец, ја води истрагата.
Полицијата соопшти дека двајца детективи за спроведување на наркотици забележале неколку лица со пиштоли на бензинската пумпа и се упатиле кон паркингот.
Нивниот автомобил бил неозначен и биле во цивилна облека, но носеле црни панцири со натпис „Полиција“ на предната и задната страна.
Рос, кој имал пиштол, според полицискиот извештај, брзо влегол во блиската уличка.
Детективите го следеle и rekle дека се полицајци. Рос, наводно, истрчал, а потоа се сопнал и паднал, фрлајќи го пиштолот.
Како што се приближуваа детективите, Рос посегнаl по пиштолот, се вели во извештајот, што ги натераlo двајцата полицајци да пукаат во него.
Тој бил пренесен во болница каде била констатирана смрт.
Полицајците биле неповредени.