Полицијата привела кумановец со прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата кај него пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 03.10.2024 во 18.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ј.(38) од Куманово затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, Б.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски