Полицијата попушти: 200 мигранти -жени и деца ќе се качат на воз кон Табановце

Сподели со своите пријатели

Поради се` поголемиот притисок од страна на мигрантите и истоштеноста на децата кои повеќе од 24 часа чекаат на влез во Македонија на граничниот појас во Гевгелија, според информациите на граѓанските активисти, пропуштени се 200 мигранти кои ќе пристигнат на Табановце во текот на вечерните часови.

Loading...

Мигрантите како што јавува порталот А1 он, ќе се качат на воз во 16 часот, со што се очекува нивно пристигање на Табановце во 20 часот.

Бранот бегалци на граничниот појас на македонско – грчка страна предизвика бурни реакции од страна на мигрантите кои се обидоа да го поминат живиот ѕид на ЕБР чии припадници употребија шок бомби за разбивање на неконтролираната толпа.