Полицијата да ја обезбедува фабриката за вода во Куманово, бара Кризниот штаб

Сподели со своите пријатели

Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување побара од Секторот за внатрешни работи 24-часовно полициско обезбедување на фабриката за вода, позната како Филтер станица.

Loading...

Како што рече градоначалникот Максим Димитриевски, кој е командант на Штабот, се бара Јавното претпријатие „Водовод“ да ја зголеми физичката безбедност и 24 часа да има присуство на еден полициски службеник

– Побаравме од ЈП „Водовод“ да обезбеди дополнителен број физичко обезбедување на фабриката за вода, позната како „Филтер станица“ и исто така побаравме од СВР Куманово за 24 часа присуство на претставник од полициските сили во овој јавен објект од витален интерес на градот, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник им се заблагодарни на сите припадници на Министерството за внатрешни работи на ангажманот во справувањето со воредната состојба поврзана со коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply