Вршејќи сообраќајна контрола кај железничката пруга с. Речица, полицајците посведочиле сообраќајна несреќа што се случила пред нивни очи.
Имено во текот на раните утрински часови во 01:50 часот, на патниот правец од с.Ваксинце кон с.Речица поточно кај железничка пруга с.Речица – Куманово, од страна на полициски службеници од Полициска станица за гранични премини и ГН – Белановце запрено било моторно возило марка „Голф 3“ со кумановски регистарски ознаки управувано од В.С., при што од насока од с.Ваксинце кон с.Речица наишло друго патничко моторно возило кое при даден знак за застанување со батериска лампа, го удрило застанатото ПМВ на задната лева страна и со голема брзина се упатило кон с.Речица.
Полицијата извршила увид на лице место при што се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.