Поголеми блок дотации и нафта и мазут од државните резерви бара Општина Куманово од Владата

Сподели со своите пријатели

Зголемување на блок дотациите за основните и средни училишта и покривање на разликата по основ на покачена минимална плата во јавните претрпијатија ќе бара Општина Куманово од Владата, додека за училиштата се бара нафта и мазут од државните резерви.

Loading...

Ваков заклучок денеска едногласно донесе Советот на Општина Куманово откако направи анализа на енормно зголемените трошоци за енергенси на установите на локално ниво погодени од економската криза.

По дискусијата која траеше цели три часа, советниците дојдоа до заеднички заклучок, но во него не беше вметнато претходното барање на опозицијата предводена од СДСМ помош да се обезбеди со кратење од капиталните инвестиции на општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 18:30 часот?

 

23 милиони денари им се потребни на кумановските училишта за струја и гас

 

Советникот Александар Јовановски предложи и да се скрати изградбата на еден кружен тек.

– Нека ми се суди, но не ни треба три кружни тока нека бидат два. Зошто да правиме кружен ток во услови на економска криза, замислете каква ќе биде сосотјбата со кризата. Им се сугерира на општините да си ги наплатат даноците и да се издвојат средства од капиталните инвестиции дали ќе го прифати мнозиннството одговорноста е ваша, ние колку можеме ќе помагаме и ќе давме прделози тоа е улогата на опозицијата, рече тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

По неговото излагање совенитците од власта и опозицијата започнаа препукувања кој што и колку направил за Куманово во последните 30 години, на што реагираше и претседателката Ивана Ѓорѓиевска.

– Не ме интересира што било, треба да најдеме начин што да правиме сега, рече таа.

Од она што беше истакнато на седницата е дека кризата може да го втурне и Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во загуба од милион евра, поради енормната покачена цена на енергенсите, но и минималните плати.

Од друга страна ЈП „Водовод“ за работа на пумпите кои обезбедуваат вода во градот последните два месеци добива милионски сметки за струја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Старо Нагоричане до 17 часот?

Просекот од анализата дава дека во периодот од декември 2021 до февруари 2022 година споредбено со декември 2020 година до февруари 2022 година, цената на гасот е зголемена за 91%, а струјата за рекордни 168 отсто.

Никола Ивановски