Писателот од Јапонија, Таро Аизу ќе стане член на Друштвото на писатели на Куманово, откако неодамна ја посети Македонија и беше дел од поетска средба во Тетово.

Таро Аизу е роден во регионот Аизу на префектурата Фукушима, а во моментот живее во Канагава блиску до Токио. Тој пишува хаиуку поезија во последните 20 години, како и гогиоши во последните 12 години и тоа на јапонски, англиски и француски јазик.

По експлозијата во нуклеарната централа на 12 март 2о11, Таро Аизу заминува во Фукушима, инаку негов роден град кога и добива инспирација да ја напише неговата поема “Мојот роден град Фукушима”, инаку преведена подоцна на 20 светски јазици.

Аизу е автор на повеќе книги, а во 2014 ја издава својата книга “Мојата Фукушима”, напишана на три јазици. Следејќи ја инспирацијата од неговата поезија, уметници од Холандија, Германија, Португалија, Шпанија, Франција и Бразил организираат изложби посветени токму на таа тема.


