Две лица од Куманово викендов под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир оштетиле продажен објект, а едниот се здобил и со повреди.
– На 18.10.2026 во 02:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир од страна на лицата М.Ј. (24) од село Речица и Ж.М. (24) од Куманово, кои биле под дејство на алкохол и оштетиле продажен објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, со повреди се здобил М.Ј. кој бил пренесен во Итна медицинска помош Куманово.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски

