Осуманесетгодишна девојка од липковско Слупчане се здобила со тешки повреди откако викендов нејзина врсничка со која се возела, излетала од патот и удрила во метална конструкција.
– На 17.10.2026 околу 15:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово-Липково, поточно во село Oпae, Општина Липково, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 18-годишната С.А. од село Слупчане излетало од патот и удрило во метална конструкција, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во незгодата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.А. (18) од село Слупчане констатирани во Општа болница Куманово.
– Увид извршила екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.
Никола Ивановски

