22.05.2015 11:56

Почнува судењето на деветтемина демонстранти од протестите на 5 мај

Facebook Twitter Google+

Денеска започнува судењето на деветтемина демонстранти кои учествуваа на протестите од 5 мај, меѓу кои има и студенти. Тие се осомничени за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“.

Скопскиот Основен суд вчера им го продолжи притворот за уште 30 дена на четворица учесници во протестите од 5 мај пред Влада, соопшти судот. Основното Јавно Обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави обвинителен предлог против 4 лица заради основано сомнение дека го сториле кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 ст. 1 од КЗ, како и предлог за продолжување на мерката притвор.

Loading...

Предлогот е распореден кај надлежен судија кој по ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за продолжување на мерката притвор оцени дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите на ЗКП и на три лица им одредеи 30 дневен притвор додека на едно лице му одреди притвор во отсуство која мерка ќе започне по негово пронаоѓање односно лишување од слобода од страна на МВР.Воедно главната расправа за предметот по овој обвинителен прелдог, со К.бр. 1563/15 го насрочи за 03.06.2015 година во 9.30 часот.

Претходно, активистите од движењето „Протестирам“ во неколку наврати протестираа пред Основниот суд и побараа да бидат ослободени сите приведени и притворени демонстранти.

 


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments