Најстариот човек во светот почина по само месец дена откако го прослави својот 113. роденден.
Франциско Нуњез Оливера починал во својот дом во родното место Бјенвенида во Шпанија каде и ќе биде погребан.
Почина Индонезиецот кој тврдеше дека има 146 години (видео)
– Тоа е штета за целото село и за целиот свет. Изминатите години многу ни значеше, го претставуваше нашето село и помогна да се слушне за нас, рекол градоначалникот на Бјенвенида.
Овој Шпанец имал четири деца, 9 внуци и 15 правуци. Пред месец дена го прославил својот 113. роденден со торта и чаша млеко.
Има 145 години, погребал 4 жени и сите свои деца (видео)