По повод 11 Октомври – СДСМ ќе положи цвеќе во Струмица, Скопје и Куманово

Сподели со своите пријатели
Како што информира Центарот за комуникации на СДСМ, во чест на 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и градоначалник на општина Струмица, ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит на загинатите борци за Македонија во 10.00 часот пред Споменикот на револуцијата во Градскиот парк во Струмица.
 
Делегација на СДСМ, во состав: потпретседателот Дамјан Манчевскичленката на Извршниот одбор Сања Лукаревска и претседавачот на Ц.О на СДСМ Диме Велковски, ќе биде дел од државната делегација којашто ќе положи свежо цвеќе во 10.00 часот на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михаило Апостолски, на гробот на пораншениот претседател Борис Трајковски  и на гробот на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров и во 11.00 часот пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија и пред Споменикот на паднатите херои за Македонија.
Во Куманово, пред споменикот Спомен Костурница, положување на свежо цвеќе ќе се одржи во 11 часот, со присуство на делегација на локалната самоуправа, претставници на разни политички партии и Општинскиот одбор на Сојуз на борци од Куманово.