Утре попладне ќе има локална, а во текот на следната седмица честа појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура.
– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението.
Никола Ивановски