По 13 месеци инфлацијата во Чешка почна да забавува

Сподели со своите пријатели

По 13 месеци инфлацијата во Чешка почна да забавува и додека во јули изнесуваше 17,5 отсто, во август благо се намали на 17,2 отсто во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска чешкиот завод за статистика.

Loading...

Забавувањето се должи на забавениот раст на цените на горивата и нафтата, додека кај прехранбените производи и натаму се бележи раст на цените, особено на брашното кое поскапе за 64,2 отсто во однос на август 2021 година, млекото со пораст на цената од 48,7 отсто, шеќер 41,7 отсто, сирење и јајца за 24 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Најголемо учество во инфлацијата во однос на истиот период лани се припишува на порастот на трошоците за енергија и домување, каде струјата е поскапа за 34,6 отсто, гасот за 61,4 отсто, парното и топлата вода за 20 отсто, а киријата за 5,1 отсто. проценти.

Чешкиот завод за статистика и аналитичарите очекуваа дека инфлацијата во август ќе биде иста како во јули, 17,5 отсто.

Владата на чешкиот премиер Петар Фијала, додека чека заедничкото европско решение што ќе биде претставено оваа недела од Европската комисија, денеска повторно се состанува за да ги разгледа националните мерки кои би го запреле огромното поскапување на енергенсите и за домаќинствата и за економијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела и министерот за финансии Збињек Стањура предлагаат да се утврди максимална цена на струјата за домаќинствата и јавниот сектор, како и за стопанството.

„Тоа значи дека граѓаните ќе знаат која е максималната цена што ќе ја платат. Оние на кои тоа не им е доволно, можат да користат други средства во нашиот социјален систем, на пример, да побараат додаток за трошоците за домување“, рече Сикела.

Утврдувањето на максималната цена треба да почне од ноември следната година или најдоцна од јануари 2023 година, а веќе од октомври домаќинствата ќе добијат субвенции од државата за струја и парно во износ од 625 евра, од кои помал дел ќе бидат платени преку авансни плаќања и сметки во октомври и поголеми во текот на следната година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Претседателот на Чешка, Милош Земан, синоќа ја повика Владата да одреди максимална цена за струјата и апелираше да се користи постоечкиот закон за цени, во кој ќе биде вклучена и енергијата, за да се покријат трошоците за производство и некои разумен профит за добавувачите, да речеме просечна добивка во период од неколку години пред енергетската криза.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.