16 милиони прегледи: Им дава кредитна картичка и им вели да потрошат колку можат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јутуберот Џими Доналдсон, попознат како Mr. Beast, им ја дал својата кредитна картичка на случајни луѓе и им рекол да потрошат колку пари сакаат, но ако потрошат повеќе од лимитот на картичката, мора да вратат се. Пресврт – лимотот не постоел.

Loading...

Mr. Beast е еден од најпознатите Јутубери и тој се издвојува пред сè поради својата филантропија.

Јутуб воведува нови правила, популарните јутубери негодуваат

Минатата година беше еден од двигателите на најголемата акција на платформата досега, кога беа собрани повеќе од 20 милиони долари за да се засадат 20 милиони дрвја.

Повеќе од 29,5 милиони луѓе го следат на YouTube, а сите негови видеа завршуваат во трендингот.

Словачка јутјуб-ѕвезда на 23 години веќе „тежи“ седум милиони долари

И, интересниот социјален експеримент, што се случи пред неговите очи, стана вирален и го погледнаа повеќе од 16,5 милиони луѓе за неколку дена.

Некои од приказните во снимката беа трогателни (еден од момците што ја доби картичката купи подарок на неговата болна мајка), а за многумина беше интересно да се види како луѓето би пресметале што би сакале да купат без да знаат дека картичката нема ограничување.

Loading...

Leave a Reply