Песков: Москва е подготвена да го поздрави секое посредување за мир во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија е подготвена да го поздрави секое посредување во преговорите за постигнување мир во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Подготвени сме да го поздравиме секој напор за посредување“, изјави Песков за РИА Новости.

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Астана минатата недела потврди дека Русија е подготвена да преговара со Украина под условите што тој претходно ги наведе, наведува руската агенција.

Во јуни Путин презентираше иницијативи за мирно решавање на украинскиот конфликт, а според тој предлог Москва веднаш ќе го прекине огнот и ќе изрази подготвеност за преговори по повлекувањето на Вооружените сили на Украина од украинската територија анектирана од Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп Џуниор: Пожарникарската служба на Лос Анџелес донираше куп од своите залихи на Украина!

Дополнително, Киев мора да објави дека се откажува од намерата да влезе во НАТО и да изврши, како што е наведено, демилитаризација и денацификација, како и да прифати неутрален, неврзан и ненуклеарен статус, пренесува Танјуг.

Рускиот претседател потоа укажа на потребата од укинување на санкциите против Москва.