Пентагон: Војските на САД и Мексико ќе ја зајакнат граничната безбедност со заеднички патроли

Сподели со своите пријатели

Војските на САД и Мексико се договорија да спроведуваат координирани патроли на нивните страни од границата, да го зголемат споделувањето информации и да ги подобрат методите на комуникација за да ја зајакнат безбедноста на границата меѓу САД и Мексико, соопшти Пентагон.

Loading...

Во соопштението се вели дека високи претставници од американската и мексиканската војска неодамна се состанале и потпишале заедничка изјава за разбирање во врска со кооперативните активности долж заедничката граница, објави Ројтерс.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара помош од Мексико за запирање на приливот на илегални мигранти и шверцот на синтетичката дрога фентанил во САД преку границата меѓу САД и Мексико, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му понуди на Зеленски нов договор за минерали: „Престани да навредуваш и потпиши“

Мексиканската влада неодамна се согласи да испрати дополнителни 10.000 војници на границата со САД за да го спречи приливот на мигранти и трговијата со дрога.

Трамп посредуваше за таков договор во замена за одложување на воведувањето повисоки царини од 25 отсто за увоз на стоки од Мексико.