Пчиња и Крива Река поплавија неколку ниви и викендици

Сподели со своите пријатели

Откако само во текот на ноќта во околината на Куманово наврнаа 19 литри дожд на метар квадратен, дојде до излевање на реките Пчиња и Крива Река на неколку места, пишува Фактор.мк.

Реката Пчиња се излила на во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, поточно во близина на бањата Стрновац, а непрооден и поплавен е и патот што води кон селото Добрача.

Ниви и шест викендици биле поплавени од во селата Јачинце и Клечовце откако Крива Река излегла од своето корито, а критична е состојбата и кај Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде што постои опасност водите на реката Пчиња да направат проблеми.

На терен се екипи на  Водостопанство „Кумановско-Липковско Поле“,  СВР Куманово и  Дирекција за заштита и спасување, а од Општината Старо Нагоричане велат дека ќе се пеземат превентивни мерки за да не дојде до поголеми штети.

фото:архива