Павловски: Дали фирма на сопругот на Царовска добил тендери од кумановската градинка?

Сподели со своите пријатели

Актуелниот директор на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска денеска избегна да даде одговор на прашањето од советникот Владимир Павловски, дали фирмата на сопругот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска добил тендери од детската установа.

Loading...

Советникот Павловски упати прашање дали се потрошени средства за снимање со дрон од фирмата „Флај кем“ ДООЕЛ Скопје, која е во сопственост на сопругот на министерката.

Директорката Алексовска потврди дека биле ангажирани професионалци за снимање на дел од манифестациите на градинката во два наврати, по што биле потрошени по 35.000 денари, но не откри која компанија го сторила тоа.

– Направивме една веб страна во која беа објавени фотографии од професионалци и сумата е 35.000 денари за професионалци кои снимаа за веб страната 30 дена. Во 2018 година прославуваме 60 години кога за јубилејот на самиот документарец исто така беа правени од сите осум објекти и два центри за ран детски развој и тука имаме ангажирано што значи и тука е 35.000 денари, тоа е сумата за која се збори дека е голема, меѓутоа ако мислите дека е голема и граѓаните на општина Куманово самите нека проценат, рече Алексовска.

Засега останува непознато дали за снимањето со дрон била ангажирана фирмата на сопругот на Царовска, која неодамна со одлука ги одзеде ингеренциите на Општина Куманово за назначување директор на Детската градинка „Ангел Шајче“.

Leave a Reply