Летонскиот парламент по итна постапка ги усвои измените на законот што ги воведе претседателот на државата Егилс Левитс, според кои Летонската православна црква се прогласува за автокефална, соопшти прес-службата на парламентот.
„Сејмот (парламентот) итно усвои измени на законот за Летонската православна црква, со кои се воспоставува целосна независност на Летонската православна црква со сите нејзини епархии, парохии и институции од власта на која било црква надвор од Латвија (автокефална црква)“ се вели во соопштението.
Летонскиот претседател во понеделникот поднесе до парламентот амандмани за одвојување на Летонската православна црква од Московската патријаршија.
Според претседателот, „откажувањето од каква било врска со московскиот патријарх е важно прашање за нашите православни верници, целото латвиско општество и националната безбедност“, пренесува Спутник.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека воведувањето нацрт-амандмани на законот за Летонската православна црква нема да помине без последици.
Како што изјави специјалниот амбасадор на Министерството, Генадиј Аскаљдович, Русија категорично ја отфрла таквата политика и таа нема да помине без последици.