Панихида во чест на полициските служебеници кои на 9-ти мај минатата година ги оставија своите животи во населбата Тоде Мендол, односно „Диво насеље“ ќе биде организирана во понеделник со почеток во 12 часот во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.
На годишнината од терористичкиот напад граѓаните на Куманово ќе им одадат чест на младите полициски службеници кои до последен здив ја бранеа родната земја.
Оваа панихида ја организираме преку граѓанска иницијатива без партиска, национална или верска поврзаност. Се покануваат сите кои Македонија ја сметаат за своја татковина, без разлика на партиска, етничка и верска припадност да не удостојат да го одбележиме овој ден – велат организаторите.
Иако се навршува една година од случувањата во Диво насеље кога 40-члена вооружена групација изврши напад врз полицијата и ја наруши безбедноста на Куманово, сепак судскиот процес се уште трае по велот на сомнителни околности и тврдења на осомничените дека политичарите имаат вмешано свои прсти во настанот.