Палестинец излезе од израелски затвор по 40 години

Сподели со своите пријатели

Израелските власти утрово го ослободија палестинскиот затвореник Карим Јунис по 40 години минати во затвор.

Loading...

Карим Јунис од градот Ар во северен Израел беше уапсен на 6 јануари 1983 година и осуден на доживотен затвор, кој подоцна беше заменет на 40 години.

Тој беше обвинет дека бил член на забранетото движење Фатах во тоа време и дека поседувал оружје и убил израелски војник. Јунис е член на Централниот комитет на Фатах предводен од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

За време на притворот напишал две книги на арапски, едната во 1990 година под наслов „Политичката реалност во Израел“, а другата во 1993 година под наслов „Идеолошка борба и населување“.